БАЛКАН
Поплави во Хрватска, евакуирано население
15.05.2023 11:39
Поројните дождови во Хрватска предизвикаа излевање на две реки во Грачац и Обровац...

Поројните дождови во Хрватска предизвикаа излевање на две реки во Грачац и Обровац.
Во центарот на општина Грачац водата навлегла во многу куќи. Во делови од земјата се испратени пожарникари и припадници на планинарската спасувачка служба кои со чамци помагаат во евакуацијата на жителите.
Реки се излеани и во Босна и Херцеговина. Дел од патиштата се блокирани поради свлечишта.
