ФИЛМ

Признание во Лос Анџелес за поетскиот филм „Летна соната за мојот град“

15.05.2023 12:13

Филмот беше издвоен и помеѓу десетте филмови со оригинална музика за филм, за делото на композиторот Јован Јовановски...

Поетскиот филм „Летна соната за мојот град“ на Марија Шаклева, според песна на Андреј Ал – Асади, ја доби наградата за најдобра режија и влезе во најтесниот избор од седум наративни филмови во конкуренција на филмови од целиот свет на интернационалниот „Поетски филмски фестивал – Лос Анџелес“.

Филмот беше издвоен и помеѓу десетте филмови со оригинална музика за филм, за делото на композиторот Јован Јовановски. Продуцент на филмот е Јулијана Величковска, а режисерката Сандра Ѓоргиева е стручен консултант.