Утре ќе биде потпишан анекс од договорот за стратегиските коридори на територија на Европската унија
Анексот на документот, со кој коридорот осум станува дел од мапата на главни транспортни комуникации во Западен Балкан ќе го потпише министерот за транспорт и врски Благој Бочварски...

Утре во Црна Гора, Бугарија, Македонија, Албанија и Италија ќе потпишат анекс на договорот за стратегиските коридори на територија на Европската унија. Анексот на документот, со кој коридорот осум станува дел од мапата на главни транспортни комуникации во западен Балкан ќе го потпише министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. На денешниот брифинг со новинарите, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека коридорот исток запад низ земјава ќе се гради и дека ја добил поддршката од државниот секретар Ентони Блинкен, при минатонеделната средба во Вашингтон.
Во клубот на пратениците во Скопје, Ковачевски рече и дека внатрешните идеолошки разлики не смеат да бидат поважни од самата држава. Со потпишувањето на договорот во Црна Гора, транспортниот коридор е дел од европското законодавство за што е неопходно итно донесување на законите со европско знаменце.
