Пендаровски го одбил барањето за помилување на Катица Јанева
Исто така и Комисијата за помилување, којашто е помошно работно тело во Кабинетот на претседателот даде негативно мислење по барањето за помилување на Катица Јанева-стои во соопштението.

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски соопштија дека претседателот го одбил барањето за помилување на Катица Јанева, поранешен специјален обвинител.
Исто така и Комисијата за помилување, којашто е помошно работно тело во Кабинетот на претседателот даде негативно мислење по барањето за помилување на Катица Јанева-стои во соопштението.
Јанева побарала помилување како примерен затвореник кој ги почитува правилата на „Идризово“. Таа издржа повеќе од половина од казната, а ѝ остануваат уште три години до истекот. Јанева беше шефица на Специјалното јавно обвинителство, потоа осудена во предметот „Рекет“ на седум години затвор.
