Почина девојчето кое беше тешко повредено во масакрот во Белград
Девојчето А. А кое беше тешко повредено во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, почина по 12 дена борба за живот...

Девојчето А. А кое беше тешко повредено во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, почина по 12 дена борба за живот.
Таа е 10-та жртва на масакрот што го изврши тринаесетгодишниот Коста Кецмановиќ на 3-ти мај во ова училиште, кога уби девет ученици и еден чувар.
Министерството за здравство соопшти дека почина повредениот ученик во ОУ „Владислав Рибникар“.
„Пациентот, кој се лекуваше на Универзитетската детска клиника во Тиршова со тешки повреди на главата, опасни по живот, здобиени при пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“, почина утрово и покрај итната хируршка интервенција и сите мерки на интензивно лекување. Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое име и во име на Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејството на девојчето“ велат од српското Министерство за здравство.
