Законот за работни односи за изведба на коридорите на пленарна седница
Законот за работни односи за изведба на коридорите на пленарна седница. Десетици пратеници пријавени за збор. Опозицијата негодува за 60 часа работно време. Власта објаснува дека се заштедуваат пари. Паралелно, во Комисијата за европски прашања- монолог на опозицијата за измените за урбанистичко планирање...

Законот за работни односи за изведба на коридорите од „Бехтел и Енка“ на пленарна седница. Десетици пратеници пријавени за збор. Опозицијата негодува за 60 часа работно време, власта објаснува дека се заштедуваат пари.
Паралелно, во Комисијата за европски прашања монолог на опозицијата која дискутирајќи за измените за урбанистичко планирање презентираше допис од Комората на инженери и архитекти во кој укажува на последици од вакво носење на законите. Единствената реплика од заменикот министер за транспорт и врски Беким Реџепи кој истакна дека се поставува нов модел во изградбата на стратешки објекти.
Претходно за петте закони со европско знаменце негативно реагираше евроамбасадорот Гир кој рече дека во нив нема ништо допирно со европската регулатива, но премиерот Ковачевски одговори дека се градат автопати по европски терк.
Миле Ристески
