ХЕРА: Загрижувачки е фактот што не се користи модерна контрацепција
Во земјава пораст на раѓање од мајки до 19 годишна возраст. Само 14% од жените во кои се во врска или брак користат модерни методи на контрацепција велат од ХЕРА. Од таму додаваат дека загрижувачки е фактот што не се користи модерна контрацепција. На позитивна листа со лекови во земјава нема ниту едно модерно контрацептивно средство...

Само 14% од двојките во земјава користат модерни контрацептивни средства. Регистриран е пораст и на родилки до 19 години. Организацијата ХЕРА посочи дека е потребно да се унапреди пристапот до семејно планирање. Иако политичарите ветиле, сепак, бесплатен контрацептив сè уште нема.
Модерната контрацепција не е достапна за сите, ниту ја има на позитивна листа со лекови. Зголемен е буџетот на Министерството за здравство за бесплатна контрацепција. Проблем е што нема дистрибуција по региони, туку само на клиника.
Општеството се соочува и предрасуди за морална неоправданост и за штетно влијание на контрацептивните. Младите немаат доволно информации.
Ана Јосифовска Тодоровска
