Политика

Опозицијата бара пожесток ангажман од меѓународната заедница за криминалот и за корупцијата

15.05.2023 15:07

Опозицијата бара пожесток ангажман од меѓународната заедница на криминалот и корупцијата што се вкоренети во власта. Ова е реакција на ВМРО-ДПМНЕ на ставот на американската администрација за поддршката на државата на евроинтегративниот пат. Ковачевски на брифинг со новинарите рече дека и во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои немаат истоветен став со раководството на партијата...

ВМРО-ДПМНЕ реагира на ставот на американската администрација за опозициска поддршка на европскиот пат на земјава, а не на премиерот Ковачевски. Од ВМРО-ДПМНЕ побараа меѓународната заедница да реагира пожестоко на криминалот и корупцијата меѓу власта.

Ковачевски на брифинг со новинарите изјави дека идеолошките разлики не можат да бидат поважни од интересот на државата. Премиерот рече дека нему не му е потребна поддршка, но и дополни дека е загрижен поради блокадите на опозицијата во Собранието.

Во комуникација е со ВМРО-ДПМНЕ, но не и со Левица, рече Ковачевски, и смета дека оваа партија има поединци кои немаат ист став како и раководството. На средбата со претставниците на медиумите побара да се направи напор за втората меѓувладина конференција со Брисел и отворањето на поглавјата. За измени на изборниот законик, СДСМ е за отворени листи и една изборна единица, со спуштање на изборниот праг меѓу три и четири насто.

 

 

Викторија Милевска