Гардијан: НСА го шпиунира цел интернет

13.05.2014 16:35

Книгата „Нема каде да се криеш: Едвар Сноуден, НСА и полициска држава“ од денеска е пуштена во продажба.

НСА - Американската агенција за национална безбедност тајно поставува чипови за следење во рутери, сервери и други безжични интернет помагала со производствово САД пред да биде испратена до клиентите во странство, пишува „Гардијан“.

Тоа му овозможува на интернет разузнавањето аудио и видео сигнали преку кои се отвораат можности за глобално шпиунирање.

Овие информации се претставени  во новата книга на поранешиот новинар на „Гардијан“, Глен Гринволд, автор на првите написи за документите доставени од поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден во врска со американските програми за електронско прислушување. 

Националната агенција за безбедност ги добива пратките пред да бидат дистрибуирани во странство, вметнува трансмитери за следење, одно ја пакува опремата па производителите ја пре-праќаат во странство.

- На тој начин НСА добива пристап до цели мрежи и до сите корисници, нагласува Гринволд.