Бугарија
Радев и го врачи мандатот за формирање влада на Габриел
15.05.2023 17:54
Кандидатката за премиерска функција има рок од 7 дена да го предложи составот на Советот на министри...

Бугарскиот претседател Румен Радев и го додели мандатот за формирање влада на кандидатката од редовите на ГЕРБ-СДС, Марија Габриел. Кандидатката за премиерска функција има рок од 7 дена да го предложи составот на Советот на министри.
Доколку не успее, мандатот ќе биде доделен на втората по големина пратеничка група „Продолжуваме со промените – демократска Бугарија“.
