Сообраќај
МВР: 173 санкционирани возачи во Скопје
16.05.2023 08:58
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкција, седум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за недавање првенство на минување на пешаци.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за непрописно престројување на возила, информираат од МВР.
