Во подготовка третата „Трка на поезијата“ во Струга
16.05.2023 09:06
Ќе се одржи третото издание на „Трка на поезијата“, во организација на атлетскиот клуб „Спортски мостови“, ќе учествуваат 1.200 учесници од 11 држави...

На 21 мај, во Струга, ќе се одржи третото издание на „Трка на поезијата“, во организација на атлетскиот клуб „Спортски мостови“. Ќе учествуваат 1.200 учесници од 11 држави. Дел од учесниците ќе бидат истакнати атлетски имиња, а ќе учествуваат и локалните компании со учество на нивни вработени.
Ден пред официјалната трка, ќе се одржи детска трка со најмладите, кои ќе се натпреваруваат во пет категории.
