Сараево

Успешна реализација на пролетната школа „Вредноста на мирот на Балканот“

13.05.2014 16:53

Сараево,градот на реката Миљацка,од 3-11 мај беше домаќин на пролетната школа насловена ,,Вредноста на мирот на Балканот’’ (Values of peace) ,каде учествуваа студенти и млади од сите земји на Балканот.

Организаторот на пролетната школа беше невладината организација ,,Balkans Let’s get up!“  со седиште во Зренањин,Србија.

Идејата за организирање на ова пролетно школо ,како што вели организаторот беше да младите преку неформалното образование ги искажат своите видувања за мирот ,факторите кои го условуваат мирот ,како и да осмислат одредени проекти кои ќе повикаат на мир. Младите ,пак, позитивно изненадени од интересниот ,креативен и интералтвен начин на предавање на младите ментори кои се покажаа како одлични предавачи.
Секако,уште поважно е што младите учесници од различни земји имаа можност да се запознаат,комуницираат,дружат и соработуваат.

Работејќи разни задачи младите имаа можност да го запознаат Сараево, главниот град на БиХ, неговите културни и историски зданија. Сите учесници се стекнаа со сертификат за успешно завршена пролетна школа,а сега следува вториот дел од предвидениот прокет,односно,учесниците ќе треба со своите идејни решенија и прокети да аплицираат кај организаторот ,кадешто после селекцијата на проектите кои ќе се оценат како квалитетни ќе се премине на конкретна реализација. 

Од Република Македонија учествуваше Ана Нешковска ,студент на Правниот факултет во Скопје.


Адмир Фазлагиќ