Брисел бара појаснување за договорот со „Бехтел и Енка“ и законите за коридорите со европско знаменце
Од „Илинденска“ потврдуваат дека за Европската унија проблем е и тоа што договорот со „Бехтел и Енка“ не е обезбедена отворена постапка, што според Брисел е спротивно на обврските кои Македонија ги презела со потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација...

Брисел ѝ пратил писмо на Владата со барање за детално појаснување зошто коридорите одат под европско знаменце и зошто со „Бехтел и Енка“ склучиле договор во четири очи. Информацијата официјално ја потврдија владини претставници на брифингот со медиумите.
Од „Илинденска“ потврдуваат дека за Европската унија проблем е и тоа што договорот со „Бехтел и Енка“ не е обезбедена отворена постапка, што според Брисел е спротивно на обврските кои Македонија ги презела со потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација.
Министерот за транспорт и врски Бочварски, денеска во Црна Гора ќе го потпише анекс договорот, со кој ќе се овозможи коридорот 8 да стане дел од мапата на главните коридори на Западен Балкан, во рамки на проширувањето на транс-европските транспортни мрежи на Европската унија.
