Извештај за верски слободи

Стејт департмент: Статусот на МПЦ-ОА сè уште не е разрешен

16.05.2023 09:18

Американската влада наведува дека Вселенскиот патријарх на источната православна црква ја призна МПЦ како канонска, со што се стави крај на долгиот период за непризнавање од страна на глобалната православна црква.

Новиот статус на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија не беше целосно решен на крајот на годината, се наведува во извештајот на Стејт департментот за верски слободи од 2022 година.

Американската влада наведува дека Вселенскиот патријарх на источната православна црква ја призна МПЦ како канонска, со што се стави крај на долгиот период за непризнавање од страна на глобалната православна црква.

Американската влада во годишниот извештај се осврна и на отворањето на бугарските клубови во Македонија. Ги нотира реакциите од еврејската заедница, протестите во Охрид и законските измени во Собранието за забрана на регистрација и работа на ентитети кои ги носеа имињата и симболите на нацизмот, националсоцијализмот или на третиот рајх.