Црна Гора

Коридорот 8 станува дел од мапата на главни коридори на Западен Балкан

16.05.2023 09:29

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска ќе престојува во работна посета на Црна Гора каде ќе се одржи министерска конференција на земјите од Западен Блакан во организација на Секретаријатот на Транспортната заедница и ЦЕФТА...

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска ќе престојува во работна посета на Црна Гора каде ќе се одржи министерска конференција на земјите од Западен Блакан во организација на Секретаријатот на Транспортната заедница и ЦЕФТА.

Во рамки на конференцијата, ќе се потпише Анекс на Одлуката на Европската Комисија за разбирање на високо ниво помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за индикативните карти на Транс-европската транспортна мрежа во Република Северна Македонија.

Со потпишувањето на овој документ Коридорот 8 станува дел од мапата на главните коридори на Западен Балкан, во рамки на проширувањето на Транс-европските транспортни мрежи на Европската Унија. Тоа следува откако ЕУ го прифати барањето на Северна Македонија, Бугарија, Италија и Албанија, Коридорот 8 да влезе во мрежата главни коридори во регионот и во Европа.

Целта на развојот на Транс-европските транспортни мрежи е обезбедување непречен, одржлив и ефикасен транспорт низ Унијата, зајакнувајќи го социјалното, економското и територијалното единство.