Охрид

„Балкански денови за сајбер безбедност 2023“ во Охрид

16.05.2023 09:35

Во Охрид од денеска до 18 мај ќе се организира средбата под наслов „Балкански денови за сајбер безбедност 2023“...

Во Охрид од денеска до 18 мај ќе се организира средбата под наслов „Балкански денови за сајбер безбедност 2023“, во организација на Женевскиот Центар за управување со безбедносниот сектор (DCAF – Geneva Centre for Security Sector Governance), Форумот за справување со инциденти и безбедносни тимови (FIRST-Forum for Incident Response and Security Teams) и MKD-CIRT Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации.

Како што информираа од Агенцијата за електронски комуникации, овој настан е прв од низата предвидени настани во контекст на остварувањето на проектот „Добро владеење во областа на сајбер безбедноста на Западен Балкан“ поддржан од Канцеларијата за надворешни работи, комонвелтот и развој на Обединетото Кралство“

На средбата во Охрид најавени да присуствуваат повеќе од 100 учесници од регионот и пошироко, а ќе го отворат директорот на Агенцијата за електронски комуникации Јетон Акику, заменик директорот на Женевскиот центар за управување со безбедносниот центар Марк Доунс и претседавачот на Форумот за справување со инциденти и безбедносни тимови Серж Дрост.