САД
Масовно пукање во САД, најмалку четворица загинати
16.05.2023 09:45
18-годишно момче пукало во случајни минувачи во градот Фармингтон, 290 километри северозападно од Албакерки во државата Ново Мексико...

18-годишно момче пукало во случајни минувачи во градот Фармингтон, 290 километри северозападно од Албакерки во државата Ново Мексико, при што има најмалку четворица убиени а ранети се шест лица, меѓу кои и двајца полицајци.
Пукањето почнало во населбата Брооксид Парк, во станбена зграда до трговскиот центар. Според официјални лица, три училишта во близината биле веднаш затворени.
Најмалку четири лица, вклучително и осомничениот, се убиени во пукање, соопшти полицијата.
