Брисел

Лајчак: Продолжуваат разговорите помеѓу Белград и Приштина

16.05.2023 09:55

Мирослав Лајчак, по рундата технички дијалог во Брисел, рече дека се зборувало за спроведување на договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија...

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, по рундата технички дијалог во Брисел, рече дека се зборувало за спроведување на договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Истакна дека разговорите ќе продолжат и дека целта е да се „разјаснат отворените прашања“.