На шампионската парада на Барселона присуствуваа 76.000 луѓе
16.05.2023 10:01
Според шпанските медиуми, на парадата присуствувале 76.000 луѓе. Автобусите со тимови тргнаа од стадионот „Камп Ноу“ до Триумфалната капија.
Машкиот и женскиот фудбалски тим на Барселона вчера ги прославија шампионските титули. Според шпанските медиуми, на парадата присуствувале 76.000 луѓе.
Автобусите со тимови тргнаа од стадионот „Камп Ноу“ до Триумфалната капија. Фудбалерите им делеа на навивачите шалови и маички, додека тренерот Чави, подели неколку лименки пиво со навивачите.
Женскиот тим на Барселона 4-ти пат по ред го освои шампионатот на Шпанија, машкиот првпат по четири години.
