НБА
Евролигата ја избра најдобрата петорка за сезоната
16.05.2023 10:08
Евролигата влезе во самата завршница и го избра најдобриот тим на регуларниот дел од сезоната во најсилното европско кошаркарско натпреварување...

Евролигата влезе во самата завршница и го избра најдобриот тим на регуларниот дел од сезоната во најсилното европско кошаркарско натпреварување. Избран е и идеалниот тим на сезоната, место добија двајца Балканци, Саша Везенков и Џанан Муса. Везенков одигра фантастична сезона и беше најдобар стрелец, медиумите веќе најавуваат дека негова следна дестинација ќе биде НБА и тимот на Сакраменто Кингс.
Во идеалната петорка сè уште Еди Таварез од Реал Мадрид, Лоренцо Браун од Макаби и Матијас Лесор од Партизан.
