Руско - украински конфликт

Киев жестоко нападнат со проектили и дронови

16.05.2023 10:14

По неколку недели пауза, Русија кон крајот на април ги обнови нападите со проектили со долг дострел...

Русија изведе нов воздушен напад врз Киев во раните утрински часови. Користени биле дронови, крстосувачки и најверојатно балистички проектили. Тоа е осми напад на градот месецов.

По неколку недели пауза, Русија кон крајот на април ги обнови нападите со проектили со долг дострел. Нападот следи ден по посетата на Зеленски на Велика Британија, каде што, како и во Франција и Германија, договори нова воена помош за Украина.