Украина
Разоткриена голема корупција во украинскиот Врховен суд
16.05.2023 10:19
Националното биро за борба против корупцијата на Украина не именува никого како обвинет во случајот, но локални медиуми објавија дека полицијата го привела претседателот на Врховниот суд...

Отворена е истрага за корупција од големи размери во системот на врховниот суд на Украина. Националното биро за борба против корупцијата на Украина не именува никого како обвинет во случајот, но локални медиуми објавија дека полицијата го привела претседателот на Врховниот суд под сомнение дека примил три милиони долари мито.
Информацијата не е официјално потврдена.
