САД
Нов извештај за врските на Трамп со Русија
16.05.2023 10:19
Американското Федерално истражно биро немало доволно докази да отвори истрага за претседателската кампања на Трамп во 2016-та година и премногу се потпираше на советите на политичките противници на Трамп...

Американското Федерално истражно биро немало доволно докази да отвори истрага за претседателската кампања на Трамп во 2016-та година и премногу се потпираше на советите на политичките противници на Трамп, се наведува во конечниот извештај на американскиот специјален советникм Џон Дурам.
Тој го обвини ФБИ дека ја третира истрагата за Трамп поинаку од другите политички чувствителни истраги, вклучително и оние во кои е вмешана противничката на Трамп, Хилари Клинтон.
