Хаг

Министерот за правда Лога ја потпиша Хашката конвенција за признавање и извршување на странски пресуди во граѓански и трговски предмети

16.05.2023 12:12

Министерот за правда Кренар Лога, во рамките на дводневната работна посета на Хаг ја потпиша Хашката конвенција за признавање и извршување на странски пресуди во граѓански и трговски предмети од 2 јули 2019 година. Конвенцијата беше потпишана во присуство на Генералниот секретар на Хашката Конференција за меѓународно приватно право...

Министерот за правда Кренар Лога, во рамките на дводневната работна посета на Хаг ја потпиша Хашката конвенција за признавање и извршување на странски пресуди во граѓански и трговски предмети од 2 јули 2019 година. Конвенцијата беше потпишана во присуство на Генералниот секретар на Хашката Конференција за меѓународно приватно право, Кристоф Бернанскони и Амбасадорката на Република Северна Македонија, Бети Јачева и другите присутни.

Потпишувањето на Конвенцијата претставува доказ за заложбите на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на активностите кои придонесуваат за подобрување на деловната средина и работењето на компаниите како и стратешките определби на Министерството за правда за унапредување на концептот во областа на прекуграничната соработка во граѓанската и трговската материја, како и повисок степен на усогласеност на националното со европското законодавството како земја-кандидат за членство во Европската Унија.

Следниот чекор во однос на Конвенцијата е спроведување на постапката за ратификација согласно Законот за склучување на ратификација и извршување на меѓународни договори.