Македонија
МВР со детали за убиството и самоубиството во Демир Капија
16.05.2023 12:16
МВР потврди дека утрово се пронајдени две тела во сопствените станови во зграда во Демир Капија...

МВР потврди дека утрово се пронајдени две тела во сопствените станови во зграда во Демир Капија, каде што претходно беше објавено дека се извршени убиство и самоубиство.
„Денеска (16.5.2023), во 6.50 часот, во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во сопствените домови со прострелни рани биле пронајдени Б. М. (34) и М. К. (72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итната медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид“, соопшти МВР.
