Судан
Нема знаци дека војната во Судан наскоро може да заврши
16.05.2023 12:51
Еден месец од почетокот на конфликтот во Судан, главниот град е пуста воена зона...

Еден месец од почетокот на конфликтот во Судан, главниот град е пуста воена зона. Семејства се кријат во своите домови, а на улиците се слушаат пукотници.
Има прекини на струјата, недостаток на готовина, прекини во комуникациите и голема инфлација. Запалени авиони лежат на пистата на аеродромот, странските амбасади се затворени, а болниците, банките, продавниците и силосите за пченица се ограбени.
