Хрватска

Обровац под вода, расте нивото на Сава и Уна

16.05.2023 12:51

Спасувачките тимови и стотици војници беа распоредени да им помогнат на луѓето во деловите на Хрватска погодени од поплави...

Спасувачките тимови и стотици војници беа распоредени да им помогнат на луѓето во деловите на Хрватска погодени од поплави. Поради обилните врнежи во изминатите денови нагло се издигна реката Уна во хрватска Костајница, каде што е прогласена вонредна состојба. Постои закана реката да ги поплави и улиците.

„Тука сме практично од синоќа, со сите наши служби за итни случаи, кои работат од самиот почеток на оваа поројна поплава што го зафати Обровац што не се памети во историјата“, изјави Давор Божиновиќ, министер за внатрешни работи и вицепремиер на Хрватска.