Бугарија

Средба Вархеји - Радев

16.05.2023 13:03

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји имаше средба со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија...

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји имаше средба со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија.

Според Вархеји, на конструктивниот состанок со Радев било разговарано за забрзување на процесот на проширување на Западен Балкан и за предизвиците што престојат. 

„Наш заеднички интерес е да обезбедиме долгорочна безбедност, стабилност и просперитет во регионот“, напиша еврокомесарот Вархеји на твитер по средбата со шефот на бугарската држава.