Тест за образованието преку тест на учениците!

13.05.2014 17:27

Преку тестирање на знаењето на учениците ќе се тестира образованието. На 1.500 средношколци од прва година, утре пробно ќе се проверуваатосновните знаења по читање со разбирање, математичка и писменост по природни науки.

Тестирањето ќе биде анонимно. Тие нема да добијат оценка во дневник, а резултатите нема да влијаат на нивниот краен успех. Целта, како што вели министерот Спиро Ристовски, е да се подобри квалитетот на македонското образование.

„Не се тестира тоа што учениците го научиле како соодветен податок, туку се тестираат квалификациите што тие ги постигнале“, објаснува министерот Ристовски.

Според резултатите, ќе се изготвуваат и нови реформи во образованието. Идната година тестирањето ќе биде задолжително.

Ќе бидат опфатени 38 приватни и јавни средни училишта. Македонија втор пат се приклучува кон меѓународното оценување. Првото беше во 2001 – година , каде учениците покажаа слаб резултат.

Македонија се приклучи кон 60 држави од целиот свет кои ја користат писа програмата за меѓународно оценување за образованието – една од најчесто користените алатки за проверка на знаењето и за лоцирање на недостатоците во образовните системи.

Викторија Тодоровска