Јавно извинување и 10.000 евра отштета бара министерката Петровска од пратеникот Ковачки
Во скопскиот Граѓански суд, подготвително рочиште за тужбата на Славјанка Петровска против Драган Ковачки. Министерката за одбрана го иницираше спорот, како што вели, поради искажаните невистини на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ кон неа…

Нешто помалку од 10.000 евра отштета бара министерката за одбрана Славјанка Петровска од пратеникот Драган Ковачки затоа што ја наклеветил и ѝ го нарушил угледот. Taa го тужи зашто на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, лани во ноември, кажал дека крие куќа со базен во Радишани, имот што не го пријавила во анкетниот лист. Министерката бара и јавно извинување. Ако судот ја досуди бараната отштета, Петровска вели, парите ќе ги донира.
Адвокатот на Ковачки пред судот појасни дека доказите изнесени на прес-конференцијата за имотот на министерката биле доставени од свиркачи, а кога пратеникот се обратил до Агенцијата за катастар за да му дадат оригинали, му кажале дека се избришани.
Ново рочиште е закажано за 20-ти јуни. Во постапката ќе се сослушуваат и сведоци на министерката, меѓу кои и директорот на Катастарот, Тунџев.
Анита Димитријевска Велковска
