Брисел

Борел ја поздрави кампањата за разоружување на Србија

16.05.2023 13:38

ЕУ нема да биде безбедна, без безбеден Западен Балкан, регионот што го сочинуваат идните земји-членки...

ЕУ нема да биде безбедна, без безбеден Западен Балкан, регионот што го сочинуваат идните земји-членки. Шефот на европската дипломатија Борел, на Конференција за планот за контрола на оружјето во југоисточна Европа, ја поздрави кампањата за разоружување на Србија и најави континуирана поддршка на мерките за контрола и борба против илегалната трговија.

„Неодамнешните трагични настани во Србија потсетија дека вакви убиства се случуваат и во Европа и со тоа ја направија оваа средба уште поважна. ЕУ и Западен Балкан имаат должност да се борат против насилството и шверцерите на оружје за да го спречат нивното ширење низ целиот континент. Нелегалната трговија е закана за мирот и стабилноста во Европа и го зголемува ризикот од терористички напади“, изјави Жозеп Борел, шеф за надворешна и безбедносна политика на Европа.