Демир Капија

Го убил соседот, па се самоубил

16.05.2023 14:13

Повозрасен човек од 72 години, пукал во соседот кој живеел над него во зградата, на возраст од околу 34 години, па се самоубил. Причина, долгогодишна расправија...

Во Демир Капија, убиство и самоубиство. 72-годишен маж пукал во 34-годишниот сосед кој живеел над него во зградата, па се самоубил. Според првичните информации, убиецот оставил и проштално писмо. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итната медицинска помош. Најверојатна причина била долгогодишната меѓусебна расправија. Повозрасниот демиркапиец и претходно го пријавувал младиот сосед заради вознемирување.

Мештаните потресени и со неверување. Не сакаа да коментираат за немилиот настан. Веста за МТВ ја потврди и градоначалникот Петров, кој изрази жалење и очекува истрагата да даде одговори, што точно се случило.

Од полицијата велат дека последното пријавување за вознемирување, од 72-годишниот маж, било на 19-ти јануари годинава. Било разговарано со младиот сосед, со предупредување да престанат меѓусебните расправии.

Од Обвинителството велат дека се преземаат дејствија за испитување на немилиот настан.

Александра Велинова