Црна Гора

Потпишана спогодбата од Транс-европската мрежа

16.05.2023 14:17

Во Црна Гора потпис на спогодбата со Брисел за вметнување на Коридорот 8 на мапата на главни европски коридори. „Земјава станува крстосница и час поскоро треба да се изгради модерна инфраструктура“, изјави Бочварски...

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во Црна Гора потпиша Анекс на Одлуката на Европската комисија – „Разбирање на високо ниво помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за индикативните карти на Транс-европската транспортна мрежа во Република Северна Македонија“. Со ова, Коридорот 8 станува дел од мапата на главни коридори на Западен Балкан, во рамки на проширувањето на Транс-европските транспортни мрежи на Европската Унија.

Со геостратешката положба на земјава и фактот дека Коридорите 8 и 10 д, се дел од главната транспортна мрежа, стануваме неизбежна транспортна рута не само во регионот, туку и пошироко. Целта на развојот на Транс-европските транспортни мрежи е обезбедување непречен, одржлив и ефикасен транспорт низ Унијата, зајакнувајќи го социјалното, економското и територијалното единство.

 

 

 

Катерина Топалова