Лихвар убиен во неговата чајџилница
Убиен еден од најпознатите лихвари во Скопје, Џељал Алјети
Убиен еден од најпознатите лихвари во Скопје, Џељал Алјети, во неговата чаjџилница. Повредено е уште едно лице со неколку прострелни рани на подлактицата кое седело на маса заедно со него.
Повредениот веднаш бил пренесен во хирушката клиника Свети Наум Охридски, поранешна градска болница. Оттаму за МТВ потврдија дека тој не бил во животна опасност и дека по укажаната првична помош, на негова иницијатива бил префрлен во приватна болница.
Истрагата ќе покаже дали е мафијашка пресметка или одмазда. Жителите кои видно беа исплашени велат дека слушнале само неколку рафали. Не сакаа да говорат пред камерите за детали.
Според МВР, убиецот бил со фантомка на главата, бил сам и откако го извршил убиството, избегал во непознат правец. Веднаш на местото на злосторството пристигнаа повеќе полициски возила. Улицата кај чајџилницата беше затворена, полицијата вршеше увид. Детали околу мотивите сеуште не се откриваат. Полицијата го бара убиецот.
Наташа Гркова Петрушевска
