Стабилна е состојбата на петтемината повредени хоспитализирани на скопските клиники

13.05.2014 17:32

Стабилна им е здравствената состојба на седуммината најтешко повредени патници кои беа хоспитализирани на скопските клиники.

Веднаш по приемот направени се итни лекарски прегледи и снимања. Најсериозно е повредена 40 годишна жена, но лекарите велат дека е надвор од животна опасност.

„Пациентот што е примен е во добра здравствена состојба има скршеница на черепот, свесен е. Потешко повредена е втората пациентка која е на интензивно лекување и мораше да се приклучи на респираторна машина заради нагмечување на белите дробови“, вели Александар Чапаровски, директор на Неврохирургија.

На оваа клиниката се лекува и повреден патник со скршеница на черепот и потрес на мозокот. Тој и останатите пациенти се во стабилна состојба.

„На еден од повредените е пред малку е извршена хируршка интервенција, успешно завршена, и е во стабилна здравствена состојба. Од примените на карил една пациентка е на респиратор“, изјави Реџеп Селмани- директор на Ургентен Центар.

За состојбата на најтешко повредените во несреќата се интересираше и премиерот Груевски. Попладнето ги посети во урегентниот центар.

 

Андријана Атанасовска