Македонија

Тетово: Вработените на УЈП на протест, бараат поголема плата за 30%

16.05.2023 14:27

Вработените на Управата за јавни приходи – Регионална дирекција – Тетово, преку протест побараа покачување на платите за 30%, согласно како што посочија членот 66 од Законот за буџет. Протестот се организира на ниво на цело држава, а вработените членови на Синдикатот на УЈП, најавија порадикални чекори, ако не се исполнат нивните барања...

За 14 години сме добиле само 5% покачување на платите, велат вработените на УЈП – Регионална дирекција Тетово. Барањето за поголема плата од 30% е доставено до надлежните, но досега како што велат, немаат позитивен одговор. Ја имаме земено предвид економската состојба, но нашето незадоволство е големо, затоа и се одлучивме на ваков чекор.

Протестот се организира на ниво на цело држава. Од Синдикатот на УЈП, најавија порадикални чекори, ако не се исполнат нивните барања.

Ако не се исполнат барањата, надлежните ја доведуваат во прашање и работата на УЈП, со што сериозно ќе се наруши воспоставената функционалност на институцијата, дополнија учесниците на протестот.

Зоран Димовски