Комисијата за европски прашања втор ден расправа за Предлог-законските измени за урбанистичко планирање
Предлог-законите за изградба на коридорите, на брза лента во Собранието. Во Комисијата за европски прашања, втор ден расправа за Предлог-законските измени за урбанистичко планирање. Опозицијата тврди дека се дерогира правниот систем. Власта пак, објаснува, се заштедуваат пари...

На Комисијата за европски прашања, нова рунда конфронтации меѓу власта и опозицијата за Законот за урбанистичко планирање, кој е дел од пакетот закони за изградбата на коридорите 8 и 10-д. За ВМРО-ДПМНЕ, договорот со „Бехтел и Енка“ е криминал од епски размери од кој главната добивка ќе ја има двоецот Груби – Ковачевски. Според нив, договорот мора да биде јавно достапен.
Владејачкото мнозинство со став дека со изградбата на автопатските делници ќе се овозможи поврзување на земјата со пристаништата Драч на запад и Бургас на исток. Како што посочија од СДСМ, придобивка од коридорите ќе имаат граѓаните и компаниите, но ќе има и раст на економската активност од 2 насто на БПД во наредниве пет години.
Во законодавниот дом в среда треба да се гласаат измените во Законот за работни односи, за кој опозицијата имаше амандмани кои не беа прифатени во работното тело. За власта, пак, со ова ќе се обезбеди поевтина и поефикасна изградба на автопатиштата.
Игор Панов
