Пожар во Гостивар: Изгоре некогашната барака на ЈП за уредување на градежно земјиште

13.05.2014 17:36

Во близина на оваа барака има угостителски објект со летна тераса, но за среќа освен паника кај гостите нема некоја штета...

Денеска во Гостивар околу пладне од засега неутврдени причини избувна пожар во бараката во која некогаш беше сместено локалното јавно претпријатие за уредување на градежното земјиште во Гостивар кое од пред некое време е во стечај. Во бараката која се наоѓа на влезот во градскиот парк од минатата година никој не е влезен внатре. Неколку пати имало обид за провални кражби, но без епилог.

Во близина на оваа барака има угостителски објект со летна тераса, но за среќа освен паника кај гостите нема некоја штета.

Гостиварската противпожарна единица со три возила го гаснеше и го локализира пожарот во бараката која е изградена од лесно запалливи материјали и за среќа,освен материјалната штета на бараката која одамна не се користи други последици нема.