Образование

Владата со сет препораки за училиштата

16.05.2023 17:15

Владата донесе десет препораки за спречување и превенирање на врсничкото насилство. Училиштата да направат протокол за начинот на користење на мобилните телефони. Стручни тимови да разговараат со секое дете, дискусии со родителите дали се потребни училишни униформи. Министерот Шаќири со апел да се почитуваат препораките …

Сите локални самоуправи во соработка со меѓуопштинските центри за социјални работи да формираат стручни тимови во чиј фокус на работа ќе бидат разговори поединечно со секој ученик во училиштата, протокол за начинот на употреба на мобилните телефони за време на часовите, обезбедување простории за стручни соработници отворени за учениците доколку имаат потреба, да закажат тет-а-тет средба со училиштен психолог. Ова се дел од десетте препораки за работа и однесување во училиштата кои ги донесе Владата за спречување и превенирање на врсничкото насилство.

На основните и средни училишта им се укажува да одржат состаноци со родители за безбедносната организација и состојбата на училиштата. Министерот со апел да се почитуваат препораките за да се спречи и превенира врсничкото насилство. Истакна и дека тие не се фиксирани еднаш засекогаш. Може да се менуваат со нови сугестии и предлози.

 

Ана Ј. Тодоровска