сообраќај

МВР: 30 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици

16.05.2023 17:46

Акциските контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште, за време на наставата и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови...

Денеска во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, заедно со инспектори за малолетничка деликвенција и претставници од центрите за социјална работа, спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, контрола на лица во казина и обложувалници и преглед на ученици во близина на училишта, со цел откривање на предмети кои се забранети согласно закон.

При контролата констатирани се 30 сообраќајни прекршоци. На вонреден технички преглед биле упатени 11 возила.

Акциските контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште, за време на наставата и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесат да се зголеми безбедноста на децата и на сите учесници во сообраќајот, информираат од МВР.