Лековити својства на кајсијата
Диететските влакна во кајсиите го подобруваат варењето, а со тоа и работата на метаболизмот...

Кајсиите се доста нутритивни а сепак се прилично нискокалорично овошје. Богати со растителни влакна кои помагаат во нормализирање на нивото на холестеролот во организмот, чувајќи го здравјето на срцето.
Во својот состав имаат бројни соединенија кои имаат антиоксидативна улога во телото. Имено, бета каротенот, лутеин, зеаксантин, како и витамините А, Ц, Е се дел од ваквите соединенија.
Витамините А и Е присутни во кајсиите, имаат клучна улога во одржувањето на здрав вид. Овозможуваат подобра дигестија. Диететските влакна во кајсиите го подобруваат варењето, а со тоа и работата на метаболизмот. Ова овошје е одличен диетален избор, а влијае позитивно и врз работата на цревата, здравјето на коските и внатрешната хидратација на кожата.
Содржат доволна количина на калциум за одлично да ја надополнат дневната потреба од него, за коските да бидат цврсти и здрави. Како сушени може да се консумираат преку целата година, а во летните денови најдобро е да се консумираат како свежи, нелупени.
Кајсиите одамна се користат за лекување и превенција на различни болести на бубрезите, како и главно за кардиоваскуларни болести.
Се препорачува редовната консумација на овој плод од луѓето кои страдаат од анемија, бидејќи кајсиите го зголемуваат нивото на хемоглобинот во крвта.
