Собранието денес ја продолжува 115-та седница
Собранието денес ќе расправа предлогот за измени на Законот за работни односи и на Законот за урбанистичко планирање, кои вчера поминаа на Комисијата за европски прашања...

Собранието денес ќе расправа предлогот за измени на Законот за работни односи и на Законот за урбанистичко планирање, кои вчера поминаа на Комисијата за европски прашања.
Овие закони се два од петте закони кои власта ги предложи, а се поврзани со изградба на коридорите 8 и 10д. Предлог-измените на Законот за работни односи се 14. точка, а измените на Законот за урбанистичко планирање 17. точка на 115 седница на Собранието.
Со измените на Законот за работни односи се овозможува прекувремена работа подолго од осум часа неделно и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за активности од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот. Поради природата на работите, како што е посочено, дозволено ќе биде активностите да може да се спроведуваат и во недела.
