Втора сесија од состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и ЕУ
Во Собранието денеска треба да продолжи состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ (МПК)...

Во Собранието денеска треба да продолжи состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ (МПК).
На втората сесија на МПК треба да се разгледаат мерките за справување со загадувањето и енергетската криза, да се усвојат препораките, да се разгледа Извештајот за Дијалогот „Жан Моне“ и да се одреди место и датум за следниот состанок на МПК.
Првата сесија на состанокот на МПК се одржа вчера во Собранието на која се обратија евроамбасадорот Дејвид Гир, државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања Дрита Абдиу Халили и шведската амбасадорка.
Евроамбасадорот Гир оцени дека политичкиот јаз се продлабочува и затоа потребните реформи назадуваат.
