Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд

17.05.2023 08:20

Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме, проследени со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на повеќе места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме, проследени со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната од 17 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.