Ковачевски во Рејкјавик се сретна со Мишел, Макрон и Де Кру
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините од 4-от Самит на Советот на Европа во Рејкјавик имаше куси средби со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со францускиот претседател Емануел Макрон и со белгискиот премиер Александар Де Кру...

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините од 4-от Самит на Советот на Европа во Рејкјавик имаше куси средби со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со францускиот претседател Емануел Макрон и со белгискиот премиер Александар Де Кру.
Ковачевски објави дека имал срдечна средба со Шарл Мишел, како што наведува „голем пријател и поддржувач во нашата стратешка определба за полноправното членство на Северна Македонија во Европската Унија“.
– Нашите меѓународни партнери и поддржувачи го препознаваат напредокот на нашата држава. Во Северна Македонија гледаат сериозен партнер кој се залага за демократија, слобода, мир и негување добрососедски односи.
Европска перспектива на нашата земја е неповратен процес во кој имаме поддршка од нашите европски пријатели, пишува Ковачевски.
