Змаеви, слонови, самураи, лавови... ќе шетаат низ Бразил
Познати се сите слогани што ќе бидат испишани на автобусите со кои фудбалските репрезентации ќе се возат по Бразил на Светското првенство.

„Прегрнете се, 6-та доаѓа“ е изборот на домаќинот на Мундијалот со кои бразилскиот автобус ќе ги трансферира своите репрезентативци од кои очекува освојување на шеста титули и останување на врвот на најуспешните во историјата на Светските првенства.
Бранителот на тронот Шпанија оди со паролата „Во нашите срца шампионска страст“, додека вицепрвакот Холандија има интересна победничка девиза: „ Вистинските мажи носат портокалово“.
На дебитанстскиот настап на Мундијалите БиХ ќе се претстави со слоганот „ Змаеви во срцето, Змаеви на теренот“, а читателите на официјалната страница на ФИФА во Хрватска ја одбраа победничката девиза: „Со оган во срцата, за Хрватска сите како еден“.
Од поинтересните слогани со кои ќе бидат испишани автобусите на фудбалските селекции во Бразил , ги издвојуваме францускиот :„ Невозможно не е француски збор“, аргентинскиот: „Не сме само тим , туку држава“, англискиот : „Сон на еден тим, срцебиење на милиони“, германскиот: „Една нација, еден тим,еден сон“ или јапонскиот: „ Самураи време е за битка“.
