Кина

Ma: Тајван е на Кина независно од поткупот на политичарите

17.05.2023 09:25

Пекинг го смета островот за своја територија и не ја исклучува ни можноста за употреба на сила доколку биде потребно да се спречи негово осамостојување.

„Независно од тоа колку пари од даночните обврзници трошат тајванските власти за да ги поткупат поранешните политичари од другите земји да ја поддржат островската независност, тоа не го менува фактот дека Тајван ѝ припаѓа на Кина“, – порача портпаролот на Канцелариката за односи со Тајван при кинеската влада, Ма Шиаогуанг. На конференцијата за време на посетата на поранешната британска премиерка Лиз Трас на Тајван, тој предупреди на економски и политички закани од Западот.

Тајван е на Кина независно од поткупот на политичарите – порачаа властите од официјален Пекинг.