Скопје

Вработените во ЈСП најавуваат штрајк од јуни

17.05.2023 09:27

Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје бара итно усогласување на платите со минималецот, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието...

Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје бара итно усогласување на платите со минималецот, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието.

Од Синдикатот на ЈСП најавија дека ќе излезат на штрајк од идниот месец ако не им бидат зголемени платите.

За зголемување на платите се потребни пет милиони денари месечно, односно 60 милиони годишно.