Книга
„Сиљан штркот“ преведен на руски јазик
17.05.2023 09:41
Приказната на Марко Цепенков „ Сиљан Штркот“ е објавена на руски јазик во превод на Олга Панкина...

Приказната на Марко Цепенков „ Сиљан Штркот“ е објавена на руски јазик во превод на Олга Панкина. Панкина е позната како популаризатор на македонската литература и култура во Русија, а ова е единственото дело од Цепенков досега објавено на руски јазик.
Книгата беше промовирана во библиотеката „ А.Н. Толстој“ во Москва, во рамките на проектот „Читај ја Македонија! “.
